Бекамови не штедат: Ќе платат за најскапиот простор за венчавки

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија решија да направат раскошна венчавка за нивниот најстар син Бруклин, како кралската. Ексклузивниот простор што планираат да го изнајмат ќе чини вистинско богатство – 350 илјади фунти.

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија нема да штедат на венчавката на нивниот прв син Бруклин, пишува британски Мирор. Имено, овој славен пар планира да плати 350.000 британски фунти за закуп на луксузен имот за венчавка.

Се работи за „Сохо Фармхаус“, во Чипинг Нортон. Поради оваа свеченост, Бекамови би го изнајмиле целиот расположив простор во тој приватен клуб, што го користат само неговите членови, што вклучува колиби лоцирани на имотот. Ова спектакуларно одморалиште има три ресторани, спа и отворен базен и им овозможува на гостите целосна приватност. Сепак, сумата од 350.000 фунти би го покрила само закупот на овој имот.

Да потсетиме, Бруклин Бекам летово се вери со својата девојка, младата актерка Никола Пелц, по само седум месеци врска. За младата двојка пандемијата ги попречи плановите, па свадбата сигурно ќе се одложи бидејќи Бекамови сакаат да направат вистински спектакл како кралска венчавка.

Слични содржини