Беќаровски: Синофарм е идеална вакцина за сите што прележале Ковид-19, но има две маани

од Nikola Popovski

„Синофарм и Синовак се единствените “прави” вакцини, во широка употреба, направени на стариот начин, на кој се произведуваат стотина години наназад, со “умртвување” на вирусот, кој потоа се вбризгува во нашето тело и го “буди” КОМПЛЕТНИОТ наш имунолошки систем“, посочува докторот Нико Беќаровски по студијата спроведена во Србија која предизвика многу дилеми за тоа дали кинеската вакцина е ефикасна.

Според него, ниту една вакцина во историјата на човештвото не успеала да биде 100% ефикасна, бидејќи човекот не е машина и нема две идентични индивидуи (освен ако некаде во некоја лабораторија не е направен Клон).

„Производителот на Синофарм, декларираше ефикасност од околу 66-80%, а сличен резултат објавија и нашите новосадски колеги. Од 100 вакцинирани со вакцинава, ако сите дојдат во контакт со голема количина на SarsCov-2 вирусот, 80 кои имаат веќе “наоружана војска” ќе го убијат вирусот пред да влезе на нашата територија. Што ќе се случи со останатите 20 ?? Кај нив вирусот ќе успее да освои мал дел од територијата, но организмот ќе успее веднаш да ја активира својата “цивилна одбрана”, бидејќи веќе има мемориска информација за непријателот и по краткотрајна борба, организмот ќе ја добие војната. 100 невакцинирани ако дојдат во контакт со голема количина на вирусот 20 ќе успеат да го совладаат вирусот уште на “самата граница” а кај 80 тој ќе навлезе во територијата. 60 ќе успеат со релативно мали “жртви” да го совладаат но кај 20 ќе создаде сериозни или катастрофални последици, кои ќе бараат долготрано лечење и голем процент на постковидни секвели. За жал 3 ќе ја загубат војната“, објаснува Беќаровски.

Тој додава дека се докажало и покажа дека оваа вакцина е идеална за сите кои го прележале вирусот и ги открива двете маани на Синофарм.

„Дупло подолгиот период потребен за создавање на комплетниот имунитет и цената, бидејќи оваа вакцина поради нејзиниот состав мора да биде најскапа“, потенцира Беќаровски.

Слични содржини