Беќаровски: Скафандерот можел да служи и за контаминирано лице да шета низ здрава средина

од Vladimir Zorba

„Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина. Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина. Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица“, сподели д-р Нико Беќароски по повод присуството на заразената пратеничка Бисера Костадиновска Стојчевска во Собранието.

Собранието го изгласа петтиот пакет економски мерки за помош на стопанствениците и економијата погодени од пандемијата. Изгласани се Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година, Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка.

За законите гласаа сите присутни пратеници во Собранието вклучително и двајца позитивни на Ковид – 19 кои беа изолирани во посебни простории,а се појавија во Собранието со скафандери и целосна заштитна опрема.

Слични содржини