Беким Сали ќе биде нов министер за здравство

од Nikola Popovski

Секретарот на Алтернатива, Беким Сали ќе биде нов министер за здравство, дознава „Локално“ од свои извори.

Неговото име веќе подолго време се споменуваше со ресорот здравство, како дел од потенцијалното влегување на партијата Алтернатива во Влада.

Сали е стоматолог по професија, има сопствена ординација и бизнис со текстил. Неговото име беше актуелно и во локалните избори, кога беше кандидат за градоначалник на Чаир.

Дефинитивната одлука дали партијата на Африм Гаши, Алтернатива, ќе биде дел од Владата ќе биде донесена вечер на седница на највисокото партиско тело – Централен совет.

На средбата закажана за во 19 часот во седиштето на партијата во Тетово, како што најави партискиот портпарол Орхан Муртезани, ќе биде донесена конечна одлука, а повеќе информации ќе има на пресконференција по завршувањето на седницата.

На состанокот на Централниот совет на Алтернатива му претходеа три средби на Гаши со премиерот и претседател на СДСМ во оставка Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на парламентарното мнозинство од нивните четворица пратеници.

 

Слични содржини