Бектеши: Дел од маркетите ја задржаа цената на лебот од 25 до 27 денари, останатите да го следат примерот

од Nikola Popovski

Ја поддржуваме одлуката на дел од ланците на маркети во државата кои што донесоа одлука за време на криза да ги задржат цените на лебот од 25 до 27 денари, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши и ги повика останатите трговци да ја следат одлуката и да бидат солидарни во време на глобална криза.

„Во оваа глобална криза дел од маркетите во државата одлучија не ја покачуваат цената на лебот и таа останува од 25-27 денари“, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил откако ланецот на супермаркети Кипер објави дека цената на лебот во нивните супермаркети ќе го заджат по цени од 25 до 27 денари.

„Ги повикувам и другите маркети да го следат овој пример во време на криза да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови.А Владата подготвува мерки за да се ублажи кризата“, напиша министерот Бектеши.

Слични содржини