Бектеши до пекарите: Се скратува дополнителниот профит што го имаат одредени компании

од Nikola Popovski

Не им се скратува ништо од нивните калкулации за цената на лебот. Им се скратува дополнителниот профит што одредени компании кои не се повеќе од десетина во државата, кои сакаат да го имаат согласно нивните планови што ги прават секоја година. Во делот на активирање на стоковни резерви, моменталната цена се движи од 26 до 28 денари по килограм во делот на брашното. Тоа е соодветна цена. Можете да прашате секој производител на леб дали со таква цена на брашно и вакви трошоци, 450 грама леб треба да има цена повеќе од 33 денари, вклучувајќи 6 денари профит што останува кај пекарите, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши за замрзнувањето на цената на лебот, обраќајки им се на пекарите.

Според него, цената и одлуката ќе се утврдува дополнително ако има други прилики во делот на цените на суровините, струјата, дериватите.

-Ова значи дека ова се времени мерки за да не се направи злоупотреба што го добиваат како поддршка од Буџетот. Тоа се пари на граѓаните, дециден е Бектеши и додаде:

-И денеска ги повикав да седнеме да разговараме за нашите и нивните аргументи со присуство на медиумите и да ги кажеме сите трошоци и да излеземе со најдоброто решение. Ние како С. Македонија носиме најдобри решенија за нас.

Слични содржини