Бектеши до Вучиќ: Доколку не е политичка финта, нека го каже денот на испораката на житото

од Nikola Popovski

Министерот за економија, Крешник Бектеши јавно го повика српскиот претседател Александар Вучиќ и членовите на српската влада да ги известат македонските власти за почетокот доколку навистина планираат да донираат и испорачаат пченка и пченица на С. Македонија, што претседателот ги најави пред неколку дена.

-Ако Вучиќ има добра волја само нека не извести на денот кога ќе почне испораката за и ние да се подготвиме тука во нашата држава во делот на складирање. Зошто да не, ако имаат дополнителни количини не би одбиле и ако не им требаат. Ако не е политичка финта или предизборно ветувње, нека го каже денот за да се организираме. Моментално ние имаме доволно залихи и немаме потреба од купување, но зошто да не би имале и повеќе низ целата година и да ја зголемиме реколтата. Ги очекуваме од почетокот на наредната недела, се разбира доколку ова не е дел од некаква предизборна кампања во Србија, рече Бектеши во емисијата „Трилинг“.

Слични содржини