Бектеши: Државата има доволно залихи на масло за јадење

од Milan1

Државата има доволно залихи  на масло за јадење и житни култури, потврди вечерва министерот за економија Крешник Бектеши, во гостување на ТВ Сител.

-Не, имаме доволно залихи од овие производи и суровини. Мерката ја продолживме заради тоа што има простор да се направи манипулација. Во моментот кога Србија објави дека ќе забрани извоз на одредени производи веднаш од соседните држави почнаа да даваат двојно или тројно поголеми цени на нашите компании и одредени сакаа да го насочат нивното производство за извоз, а не за домашниот пазар, што би можело да влијае во нашите цениа внатре во државата и затоа ние одлучивме да забраниме, рече министерот Бектеши.

Според него на Владата и се на располагање дополнителни автономни мерки ако се утврди дека дополнително може да се влијае во делот на ублажување на цените.

 

 

Слични содржини