Бектеши: Државата нема да се соочи со енергетска криза

од Берта Китинска

Државата нема да се соочи со енергетска криза, неточни се  информациите кои ги шират неколку новинари и портали,изјави министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференцијата на Македонскиот енергетски форум.

-ЕСМ веќе работи, ги зголемува капацитетите. Но, треба да имаме предвид дека, ние како Министерство за економија и планот на Влада, сме зеле обврска во делот на трансформација на енергетиката и веќе работиме и инвестираме во зелена енергија, како што се соларната и ветерната енергија, а дополнително на тоа очекуваме до крајот на годината да се завршат неколку фази и во делот на дистрибутивната мрежа за природен гас, а секако и за изградбата на „Чебрен“, изјави министерот .

Во однос на иницијативата на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за енергетската сиромаштија, Бектеши истакна дека наскоро ќе се знае кои категории на граѓани ќе бидат опфатени со таа програма.

–Во однос не енергетската сиромаштија тоа е обврска која ја имаме согласно потребите и барањето на енергетската заедница. Имајќи предвид дека веќе се подготвуваше и Планот во однос на клима-енергија која треба да се усвои во текот на октомври во Владата, веќе се одржуваат расправи и оттука ќе произлезат сите мерки. Ние веќе заедно со Министерството за труд и социјална политика, како и РКЕ, веќе подготвивме низа мерки во однос на проширување на бројот на граѓани, на домаќинства кои ќе можат да добијат надоместок од страна на државата и во вид на финансиска поддршка и дополнително и други мерки кои ќе имаат олеснување во делот на плаќање на такси или слично, рече Бектеши.

Слични содржини