Бектеши: Две турски компании конкурираа за изградба на магистралниот гасовод

За изградба на магистралниот гасовод во С. Македонија, во конкуренција се две турски компании, посочи министерот за економија, Крешник Бектеши.

„ Компаниите “Акса Догалгас Дагити А.С.“ и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“ од Турција доставија понуди за изградба на магистралниот гасовод во земјата. Врз основа на извештајот на Министерството за економија, вчера Владата донесе одлука со која овие две компании ќе бидат поканети да учествуваат во втората фаза на конкурентен дијалог. Тоа значи дека овие две компании ќе учествуваат во тендерската постапка до третата фаза која значи конечен избор на компанија со која ќе се воспостави јавно- приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Северна Македонија“ напиша Бектеши на својот профил на фејсбук.

Инаку, условите кои инвеститорите требаше да ги исполнат за овој јавен повик, беа: најмалку пет години искуство во дистрибуција на природен гас, најмалку 100 илјади корисници приклучени во нивниот систем за дистрибуција,да имааат дистрибуирано најмалку 3 милијарди м3 , во последните 3 години, и најмалку 150 милиони евра годишен приход во последните 3 години.

Слични содржини