Бектеши најави можно замрзнување на цените на шекерот, оризот и јајцата

од Nikola Popovski

Министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека од следната недела е можно замрзнување на цените и на шеќерот, оризот и јајцата од кокошка.

Како што рече Бектеши на прес-конференција во Владата, цени најверојатно ќе се замрзнат ако производителите не ги намалат.

-Согласно сите анализи од секторот трговија се утврдува дека повеќето од компаниите ја користат максималната маржа и се здружени со цел да не ги намалат профитите. Затоа одлучивме како Министерство, во соработка со Владата да одиме со замрзнување на цените. Ќе ни останат само шеќерот, оризот и јајцата, за кои наредната недела ќе се прават анализи. Ако производителите не ги намалат цените, и за нив ќе се донесат вакви одлуки, кажа Бектеши како одговор на новинарско прашање.

Слични содржини