Бектеши најавува можно враќање на дневната евтина тарифа на струја

од Nikola Popovski

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска најави дека постои можност да се врати евтината тарифа на струјата.

-Можам да ветам и пред јавноста како министер ќе се земат во предвид и ќе бидат вклопени со новите мерки за поддршка на најранливите граѓани. Поминавме тежок период, моментално се стабилизира состојбата во делот на економијата во нашата држава и секако ќе бидеме посветени за развој генерално на економијата. Од 1-ви март ќе се зголемат линеарно и платите во администрацијата што ќе следи со зголемување на платите и во приватниот сектор, но, за жал, во пазарна економија ќе се донесат и неколку административни одлуки за да се заштитат тие што се најранливи. Претседателот на РКЕ ќе објасни повеќе за анализите што се прават за новата цена на електрична енергија и има дополнителна можност со новата одлука од 1 јули да се помогнат пензионерите и тие што се невработени. Има можност да се врати и дневната тарифа за тие што во тој дел од денот се дома, рече Бектеши повод презентацијата на студијата „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија“, од март ќе се зголеми минималната плата.

Слични содржини