Бектеши: Нема билатерални преговори со Грција за начинот на патување ова лето

од Nikola Popovski

„Владата нема да преговара билатерално со грчката влада, по примерот на српската, бидејќи Македонија не сака да ги загуби домашните туристи за летната сезона. Сепак, ќе се разговара Грција да ги прифати „македонските сертификати за вакцинација“, соопшти денес на прес-конференција, министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според него, целта на Министерството за економија е да продолжи да спроведува мерки за поттикнување на странските туристи, но и нашите домашни туристи да ги посетат нашите туристички дестинации.

Туристичките работници, кои носат туристи во земјава велат дека и странците тешко се одлучуваат да ја посетат Македонија поради недостик на инфомации од надлежните државни институции. Земјава доцни една година со имплементација на печатите „Safe travels“ кои се вид потврда дека нашите туристички капацитети и државата како дестинација се безбедни за посета и престој.

 

Слични содржини