Бектеши: Нема да интервенираме во евтината тарифа на струја од 22 до 7 часот

од Nikola Popovski

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска информираше дека има два вида на пазари во делот на електрична енергија во земјава.

-Ќе има три или четири блокови за плаќање на струја и нема да се интервенира во делот на евтината тарифа на струја од 22 часот до 07 часот. Ние сме единствена земја што го прави тоа, затоа што ќе интервенираме само во скапата тарифа. Тие што трошат повеќе, ќе си плаќаат повеќе, а тие што имаат помали приходи, ќе плаќаат помалку од тоа што плаќаат сега. Ние сме направиле анализа која е презентирана од РКЕ во делот на потрошувачката на минатите години. Не сакаме да упаднеме во ранливите домаќинства кои немаат големи приходи, информира Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини