Бектеши: Нова Година нема да може да се слави во казино или обложувалница

За дочекот на Новата година нема да биде дозволено тоа да се случи во казината и обложувалниците, посочи министерот за економија Крешник Бектеши, по информациите дека Нова Година ќе може да се прославува таму.

Имено, Бектеши истакна дека казината и обложувалниците ќе можат да работат 24 часа, но дека кафулињата, рестораните и гостилниците ќе мора да затвораат во 18 часот.Но, исто така и во казината нема да бидат дозволени храна и пијалоци, односно ниво послужување по 18 часот.

„Не го знам бројот на казината, обложувалниците и автомат-клубовите кои даваат и угостителски услуги, но правилото важи секаде каде што се служи храна и пијалаци и таму треба да се почитуваат мерките“, посочи Бектеши.

Инаку, на вчерашната седница на Владата беа усвоени предлозите од Комисијата за заразни болести, според кои угостителските објекти ќе работат до 18 часот во периодот од 18. декември до 21. јануари, а исто така е забрането групирање на отворен и затворен простор.

Слични содржини