Бектеши очекува дополнително поевтинување на струјата од 1 јули

од Nikola Popovski

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска информира дека не се очекува поскапување на цената на струјата од 1-ви јули годинава, за кога е предвидено да се соопшти нова цена.

-Ние сме во координација и со РКЕ која е надлежна за цените на електрична енергија. Веќе се прават одредени анализи и се анализираат до детали одредени опции и со факултетите и со експерти за да се менува начинот на утврдување на цената на електрична енергија. Согласно капацитетите што ќе ги имаме во мај и јуни и јас сум убеден дека сите одлуки ќе бидат донесени во насоки да се зачува животниот стандард на граѓаните и да се поддржат малите и средни компании. Од 1-ви јули не очекуваме да има зголемување на цената на струја. Очекуваме да има дополнително намалување како што направивме од 1-ви јануари согласно производството на ЕСМ, како и движењето на цените на берзите, рече Бектеши денеска на заедничкиот брифинг со првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Слични содржини