Бектеши: Од полноќ С. Македонија ќе има најниска цена на дизел во регионот

од Nikola Popovski

Министерот за економија, Крешник Бектеши информира дека соглсно последната одлука на Регулторна комисија за енергетика цените на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за 5 денари, а цената на дизелот за 6 денари.

-Со тоа Северна Македонија има најниска цена на дизел гориво во регионот, нагласи Бектеши на социјалните мрежи.

Од 17.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 79,00 (денари/литар)
-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)
-Мазут М-1 НС 56,749 (денари/килограм)

 

Слични содржини