Министерот за економија Крешник Бектеши очекува од утре да почне намалувањето на цените на одредени прехранбени производи поради одлуката
на Владата со која производителите на храна ќе добијат субвенционирана цена за електричната енергија.
„Јас очекувам утре сите тие производи кои се наведени во одлуката на Владата во делот за замрзнување на маржата да имаат намалување од најмалце од 10 отсто, веќе имаме кај маслото за јадење одредено намалување, утре се очекува дополнително намалување да има во делот на лебот и месните производи“, вели Бектеши.
Според министерот, намалувањето на цените нема да биде веднаш во маркетите поради залихите.