Бектеши: Одредени цркви и џамии извршиле злоупотреба на одредбата од законот за енергетика

од Берта Китинска

Ќе има мерки против оние фирми кои ја злоупотребуваат ситуацијата со енергетската криза, кажа, министер за економија Крешник Бектеши во Студио 10.

– Во координација со РКЕ побарав листа на фирми до УЈП и надлежните институции зошто тоа е кривично дело. Имавме примери на злоупотреба на одредбата од законот за енергетика од страна на општините, тоа го направија и одредени цркви и џамии и големи компании со над 600 вработерни и кои имааат ланци на маркети. Тие ја префрлуваат обврската за плаќање на струјата на новоотворена компанија која има под 50 вработени или претходната година имала приходи помали од 2 милиони евра, рече Бектеши.

Слични содржини