Бектеши: Рестораните за свадби најверојатно ќе работат од крајот на мај

од Nikola Popovski

„Јас кажав дека рестораните за свадби најверојатно ќе почнат да работат од крајот на мај“, повтори денес министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција.

Според него, оваа одлука ќе се донесе заедно со Комисијата за заразни болести, доколку епидемиолошката слика го овозможи тоа.

Министерот не даде никакво појаснување за тоа дали веќе се почнати со подготовки за протоколите за ваквиот тип на ресторани.

Пред два дена, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја отфрли можноста да се дозволи организирање свадби во земјава и порача дека актуелните протоколи за работа на угостителските објекти важат до 15 мај. Дури потоа, како што нагласи согласно препораките на Комисијата за здравство ќе се знае што понатаму.

„Во овој момент очите се свртени кон Комисијата за здравство и тоа ни е единствената точка според која ги носиме економските одлуки. Со последната одлука на Владата им дозволивме на угостителските објекти кои се категоризирани за организирање настани да работат под истите услови како што работат и сите други угостителски објекти, а тоа е да работат на отворени тераси и според протоколите. Вчера зборувавме за евентуално дополнително прилагодување на протоколите за работа на оваа категорија на угостители“, рече Битиќи по посетата на Хидросистемот Злетовица.

Слични содржини