Бектеши: Рестрикции на струја нема да има

од Nikola Popovski

Рестрикции на струја нема да има и засега кризата е под контрола, вели министерот за економија Крешник Бектеши, во емисијата „Економски магазин“. Сепак тој информира дека утре ќе достави барање за прогласување на енергетска кризна состојба.

-Секој член на владата имал информации, имаме постојано средби со сите раководители на енергетските компании во Северна Македонија, но важно е да се истакне фактот и на граѓаните да им биде јасно дека рестриктивни мерки во однос на снабдување со електрична енергија моментално не се предвидуваат иако што сме направиле измена во уредбата која предвидува прогласување на кризна состојба, рече Бектеши.

Тој додава минимално ќе се зголеми цената на електричната енергија во текот на следната година.

Во вчерашното издание на Службен весник на 12 страници објавена е Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и првата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности.

Уредбата за прогласување на кризна состојба при недостиг на електрична енергија што ја донесе Владата на 30 октомври годинава и која веќе е објавена во Службен весник е донесена со цел усогласување со одредбите на Законот за енергетика, порачуваат од Министерството за економија.

Слични содржини