Бектеши: Со вакцинацијата доаѓа и поголемо отворање на економиите, трговската размена ја правиме со европските земји

од Nikola Popovski

Министерот за економија, Крешник Бектеши за емисијата „Вин-вин“ негираше дека во првите 4 сета на пакетот економски мерки помогнале само за да опстане економијата.

„Ако се навратиме назад, може лесно да се види дека ние донесовме дополнителни мерки, се со цел да ја зголемиме конкурентноста на нашите компании. Сме се консултирале со експерти, но и внатре разговаравме во однос на реализација на првите сета мерки и ако забележите ќе видите дека во првите три месеци дадовме помош за 120.000 вработени во декември“, вели Бектеши, додавјаќи дека штом одредени држави почнале со имунизација на нивното население и отворање на нивните економии, тоа е важно и за нашата економија.

„Тоа е одлична вест, имајќи предвид дека економската размена во главно ја правиме со европските земји“, истакна Бектеши.

 

Слични содржини