Бектеши: Ставот на ДУИ е дека нема потреба од промена на нашите министри

од Берта Китинска

Ставот на ДУИ е дека нема потреба да има промени на министрите од нејзините редови при најавената реконструкција на Владата, кажа денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Неминовно е да има реконструкција на Владата имајќи предвид дека веќе имаме приложено оставка од министерот за земјоделство и двајцата заменици-министри од движењето Беса. Во делот на ДУИ, ние сме го кажале нашиот став дека нема потреба од измени на членовите од ДУИ во постоечката влада, но секако согласно преговорите што веќе се одвиваат од страна на претседателот и претседателството на ДУИ и со премиерот и претседател на СДСМ, но и со другите политички партии, конечната одлука ќе ја донесе претседателот и претседателството на ДУИ“,рече Бектеши.

Слични содржини