Бектеши: Вративме неколку цистерни со сомнителен мазут, ако треба ќе ги објавиме имињата на компаниите

од Nikola Popovski

„ДПИ направи одредени контроли во поглед на мазутот и веќе ги подготви сите решенија. Мазутот се контролира во други акредитирани лаборатории и тие се завршени од страна на Инспекторататот. Веќе се вратени неколку цистерни, но не сакам да навлегувам со имиња на компании“, изјави денес на прес-конференција, министерот за економија, Крешник Бектеши за контролата на горивата.

Според него и во внатрешноста на земјата се утврдени нерегуларности и е постапено согласно ДПИ.

„До вторник сите институции што имаат надлежност ќе достават информации до владата и ако треба, ќе ги објавиме компаниите, во кои се нашле неправилности. Денешната прес-конференција е во насока на тоа дека освен мазутот, како дериват, ќе почнат интевизни контроли и во поглед на други деривати“, потенцира Бектеши.

Слични содржини