Бектеши за изјавата на Ибрахими: ДУИ ветува проекти, а не директорски позиции

од Берта Китинска

Министерот за економија Крешник Бектеши, коментирајќи ги изјавите на пратеникот Зекирија Ибрахими од Алтернатива за Албанците околу распределбата на секторите во Град Скопје, истакна дека ДУИ „ветува проекти, а не директорски позиции“.

– Околу изјавите на Ибрахими за распределбата на секторите во рамки на Град Скопје, доколку добие независната кандидатка, дека тие во тој случај имале некаков договор да раководат со „Комунална хигиена“ и мислам ЈП „Паркови и зеленило“, сакам да кажам дека ДУИ на изборите на 17 октомври излезе со програма за тоа што им нуди на граѓаните. Ние на граѓаните им нудиме програма, нудиме услови како да се подобри нивниот живот, а не дали одреден функционер од ДУИ би бил директор на некоја институција, потенцираше Бектеши.

Слични содржини