Бектеши: За креирање на мерки и политики, од исклучителна важност ни е реализацијата на пописот

За креирање на мерки и политики, од исклучителна важност е да се знае бројот на населението и бројот на домаќинствата, па оттаму колку побрзо се реализира пописот, толку ќе биде подобро за економијата и државата, посочи во своето интервју за МИА, министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Тоа е многу важна статистичка операција што нуди многу важни и опширни податоци со кои ќе располагаат институциите во државата. Податоците од пописот ќе им помогнат на различните институции како да ги насочат средствата од буџетот таму каде што има најголема потреба. За нас е многу важно да знаеме колку резиденти има во различни региони, бидејќи тие повеќе од девет месеци живеат и работат во тие региони, за да знаеме на каков начин да го распределиме буџетот за да не се развива само еден регион, туку сите подеднакво“, истакна Бектеши.

Како што вели Бектеши, нема потреба да има политизација на пописот. Врз основа на тие резултати и бројки што ќе произлезат од пописот, потенцира, ќе треба да креираме соодветни политики кои ќе бидат издржани и на тој начин да им излеземе во пресрет на граѓаните и на економијата во целост.

Слични содржини