Бектеши за „Локално“: Планираме да ги вклучиме и угостителските работници кои ги изоставивме од досегашните средби

По повод 100 дена Влада, министерот за економија, Крешник Бектеши го даде своето експозе во однос на сработеното во овој изминат период.

На новинарско прашање за Локално, министерот за економија одговори за тоа кога ќе бидат достапни информациите за граѓаните со кои ќе имаат увид за тоа дали добиле финансиска помош во рамки на четвртиот сет мерки, како и тоа кој ќе биде рокот истите средства да се потрошат.

„Донесовме одлука да нема рок за трошење на средствата од четвртиот сет економски мерки, а во текот на оваа недела ќе ги имаме сите ажурирани податоци и граѓаните ќе можат да видат и да ги добијам истовремено своите средства“, истакна Бектеши.

Исто така, „Локално“ праша и дали во состаноците со угостителскиот сектор, министерот има намера да ги вклучи и работниците кои имаат свои здруженија и синдикати, а досега не биле дел од ниту една средба со владините претставници.

„Точно е дека досега со нив не сме оддржале средби, но имаме во план да ги вклучиме и нив во процесот. Досега со нив сме соработувале, и сметаме дека можат да бидат од големо значење за дизајнирање на моделите за справување со Ковид кризата“, посочи Бектеши.

Слични содржини