Бектеши за „новото мнозинство“: Убаво е да се види фотографија со Апасиев, а зборуваме за евроинтеграции

од Nikola Popovski

Министерот за економија и член на ДУИ, Крешник Бектеши ја прокоментира објавата дека е формирано ново парламентарно мнозинство. Тој е категоричен дека е мнозинството составено од СДСМ и ДУИ е правиот пат на нашата држава.

-Во однос на одлуката на БЕСА, кажав дека тоа беше емотивен став на Хоџа и дека истата прилика ја имаше ДУИ кога им се повтори гласањето во Дебар. Не би било добро да направиме притисок на институциите, вели Бектеши во емисијата „Топ тема“.

Тој ја прокоментира објавената фотографија од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека „убаво изгледа сликата со претседателот на Левица, а зборуваме за европски интеграции“.

-Ако ги имаат бројките и потписи, ќе видиме во Собрание. Ако ги гледаме личните интереси, можеме да одиме на избори, затоа што моментално ќе добиеме 18 пратеници. Сметам дека сега ни треба стабилност како држава и треба да завршиме крупни работи. ДУИ нема да направи отстапки од ЕУ-интеграциите, потенцира Бектеши.

Слични содржини