Бектеши: За прв пат по осамостојување на државата имаме мобилна лабораторија за контрола на нафтените деривати

од Viktor Jovanov

Министерот за економија Крешник Бектеши, во гостување на емисијата Топ тема изјави дека државата преку мобилната лабораторија која е набавена пред 6 месеци, а се планира да почне со работа од идната недела, ќе ја намали злоупотребата на црвената нафта која има голем дел во аерозагадувањето.

„За прв пат по осамостојување на нашата држава, од оваа година има мобилна лабараторија која ги контролира нафтените деривати. Екстра лесното гориво е забрането за користење освен за домакинствата. Јавна тајна е дека има место за злоупотреба на црвената нафта имајќи ги во предвид бројките кои велат дека овој вид на дерват се користи многу повеќе од потребите за домакинствата. Ние како државаа постапуваме, ќе направиме анализа и контроли за да видиме каде се користи. Црвената нафта злоупотребува во некои сектори меѓу кои и земјоделството. Набавена е мобилна лабараторија во сопственост на бирото за меторологија. Луѓето се подготвени останува да се потпише спогодба и да се врши контрола, вели Бектеши“

Министерот за економија тврди дека речиси сите подготовки се завршени и дека мобилната станица ќе започне да се користи уште од наредната, односно уште веднаш ќе се врши инспекции на бензинските пумпи и на сите мести каде има сомнение дека се врши злоупотреба на црвената нафта.

„Станува збор за комбе со сите инструменти кое на лице место ќе ги вади сите анализи за квалитетот на течните горива. Ова значи дека при увоз на нафта може да се стопира камион каде во рок од 30 минути на лице место може да се изврши квалитетот на бензин, дизел или некој друг дериват. Истото ќе се прави и на бензинските пумпи. Врз основа на тие резултати ќе постапи инспекторатот“, вели Бектеши.

Тој тврди дека целиот проект ќе се врши дискреционо од причина што истиот ќе го води Државниот пазарен инспекторат и бирото за метеорологија, без владата да се меша каде ќе се вршат инспекциите.

Бектеши додаде дека министерството за економија работи на повеќе законски акти во однос на енергетската ефикасност и спречување на злоупотребата на црвената нафта.

Јавното обвинителство веќе отпочна истрага за злоупотребата на црвената нафта.

Слични содржини