Бела Хадид повеќе не е најубавата жена на светот, еве која актерка ја презеде титулата

од Stefanija Kuzmanovska

Според новите „мерења“, Бела Хадид повеќе не е најубавата жена на светот.

Според древната формула која се однесува на совршените бројки за проучување на лицата на познатите мажи и жени, д-р Џулијан Де Силва открил дека Бела Хадид се смета за најубава личност на светот. Докторот барал лица кои одговараат на старогрчките стандарди за убавина, кои би го комплетирале „златниот пресек“ што го осмислиле античките Грци.

Супермоделот доби неверојатни 94,35 проценти поклопување, но сега тоа се промени.

Титулата ја презеде познатата актерка Џоди Комер, која се прослави со улогата во серијата „Killing Eve“. За кратко време, во последните неколку години, таа стана една од најбараните, а во 2019 година доби Еми за најдобра главна актерка во споменатата серија.

Пластичниот хирург Де Силва објави фотографии од најубавите актерки. Второто место го зазеде Зендаја, Бела Хадид падна на третото место, додека Бијонсе е на четвртото место.

„Се испостави дека таа ги има најдобрите позиции на носот и усните со резултат од 98,7 отсто, што е само 1,3 отсто од совршената форма“, изјави докторот и додаде:

„Џоди, исто така, имаше најдобар резултат за ширината и должината на носот, а беше блиску до врвот за обликот на усните и положбата на очите. Најлоша оценка беа нејзините веѓи. Тие постигнаа „само“ 88 проценти, со што се намали нејзиниот вкупен број на 94,52 проценти, објасни експертот.

Слични содржини