Американскиот супермодел со палестинско потекло, Бела Хадид, беше вмешана во скандал по нејзината фотографија на социјалните мрежи. Ѕвездата беше прогласена за расист поради фотографија на нејзината страница на Инстаграм.

Хадид ги изреволтира дел од своите обожаватели поради кадар, на кој таа ја поставила ногата до авион со знамето на ОАЕ и Саудиска Арабија.

Според некои од коментарите, овој чин е расистички. Тие беа толку навредени што бараа дури и брендови како Диор и Келвин Клајн, со кои работи Хадид, да одбијат да соработуваат со моделот. Моделот ја отстрани фотографијата и се извини на социјалните мрежи Твитер и Инстаграм на англиски и арапски:

“Јас го објавив ова за да разјаснам некои работи кои се дел од моето срце.

За почеток, јас не би сакала моите постови да се користат за омраза. Ги сакам муслиманските и арапските корени на моето семејство и се грижам за моите браќа и сестри ширум светот “, напиша Хадид.

Исто така, моделот забележал дека на нејзината фотографија немала политичка смисла, и таа едноставно не ги забележала авионите во позадина.