Белата куќа ги финализира плановите за испраќање тенкови М1 Абрамс во Украина

од Vladimir Zorba

Белата куќа ги финализира плановите за испраќање американски тенкови М1 Абрамс во Украина и тоа би можело да го објави уште оваа недела, изјавија тројца американски претставници запознаени со деталите.

Сè уште не е познато кога ќе бидат испорачани тенковите, а обично потребни се неколку месеци војниците да бидат обучени за ефективно да ги користат, рекле официјални лица, според Си-Ен-Ен.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден не ја отфрли целосно можноста за испорака на американски тенкови, но минатата недела американските власти јавно кажаа дека сега не е вистинско време да се испратат тенкови М1 Абрамс, бидејќи тие се скапи и бараат многу време за обука.

Слични содржини