Белата куќа: Медиумите известуваат за коронавирусот за да му наштетат на Трамп

од Nikola Popovski

Висок официјален претставник на Белата куќа во петокот ги обвини американските медиуми дека зголемено објавуваат негативни извештаи за вирусот корона, со цел да му се наштети на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Причината зошто оваа тема денес привлекува толку многу внимание е затоа што му штети на претседателот, тоа е единствената причина“, рече началникот на канцеларијата на Белата куќа, Мик Мулвани, на конзервативниот политички форум.

„Да не гледаат телевизија“

За да се стабилизира берзата, тој ги советуваше луѓето да не „гледаат телевизија наредните 24 часа“, објави Хина, повикувајќи се на агенцијата ДПА.

Мулвани претходно ги осуди медиумите дека негативно пишуваат за американскиот претседател за време на истрагата за неговото отповикување и судење.

Шефот на канцеларијата на Белата куќа и директорот на Кабинетот за управување и буџет, исто така, рече дека постои потенцијал за нарушување во сообраќајот и училишните активности.

Белата куќа е под притисок на опозициските демократи за управувањето со кризата со коронвирусот, вклучувајќи ја подготвеноста и претходно планираните намалувања на здравствениот буџет.

Слични содржини