Белата куќа објасни зошто Бајден носеше маска на виртуелниот самит за климатски промени

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден носеше маска за време на виртуелен (онлајн) самит за климатски промени за да „испрати порака“ до светот, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Снимките од самитот минатиот четврток го покажуваат Бајден како единствен светски лидер на состанокот со маска на лицето. Канадскиот премиер Џастин Трудо, кинескиот претседател Си Џинпинг, германската канцеларка Ангела Меркел и другите светски лидери видени на снимките не носеа маски. Псаки го одбрани потегот на прес-конференција.

„Тој испрати порака до светот“

„Бајден носеше маска на виртуелниот состанок за да испрати порака до светот да преземе мерки на претпазливост и дека ќе продолжи да го прави тоа како лидер на САД“, рече Псаки.

Портпаролката не ја објасни точната „порака“ испратена до светот од оние лидери кои не носеле маски на виртуелниот состанок.

Слични содржини