Белата куќа со поддршка: Ги охрабруваме пријателите од С. Македонија да ги почнат преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski

Од Белата куќа ја повикаа С. Македонија да ги започне пристапните преговори со ЕУ. Џејк Саливен, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, објави на Твитер дека ја охрабруваат земјава на нејзиниот европски пат.

-Од влезот во НАТО, Северна Македонија е силен сојузник. Исто така, може да даде важен придонес за ЕУ. Ги охрабруваме нашите пријатели да ја искористат можноста да го започнат процесот на пристапување во ЕУ, напиша Саливен на Твитер.

Претходно и американската амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнз истакна дека САД целосно ја поздравуваат дискусијата во земјава за модифицираниот француски предлог.

-САД ја поздравуваат дискусијата во Северна Македонија за ревидираниот предлог на ЕУ за почеток на пристапните преговори, признавајќи ја важноста на македонскиот јазик и идентитет. Долго време ја поддржуваме иднината на Северна Македонија во ЕУ и сега гледаме можност да се придвижи напред“, напиша Брнз на Твитер, објави американската амбасада во земјава.

Слични содржини