Белата куќа: Вратите на НАТО се отворени за Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден смета дека вратите на НАТО треба да останат отворени за нови членки, изјави заменик-портпаролот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, коментирајќи ја можноста Украина да влезе во Алијансата.

„Администрацијата на Бајден е посветена на принципот вратите на НАТО да останат отворени за оние кои сакаат да го сторат тоа кога ќе ги исполнат своите обврски за членство и ќе придонесат за зајакнување на евроатлантската безбедност“, рече портпаролката на Белата куќа на брифингот.

Таа одговори потврдно на прашањето на новинарите дали тоа значи дека САД ги поддржуваат аспирациите на Украина за влез во Северноатлантскиот сојуз.

Во декември 2014 година, Врховната рада на Украина измени два закона, откажувајќи се од неврзаниот статус на државата. Во јуни 2016 година беа усвоени дополнителни амандмани кои го дефинираат членството во НАТО како цел на земјата за надворешна политика. Во февруари 2019 година, украинскиот парламент усвои амандмани на уставот, обезбедувајќи ја политиката на земјата кон Европската унија и НАТО.

Украина стана шеста земја што доби статус на партнер на НАТО со проширени можности.

Слични содржини