Белгија: Откриен третман против резистентен рак на кожа

од Stefanija Kuzmanovska

Универзитетската болница во Брисел тестираше нов експериментален третман против резистентни меланоми, со многу охрабрувачки резултати кај пациенти кај кои стандардниот третман не дава резултати.

„Добивме многу охрабрувачки резултати. Овие пациенти беа осудени бидејќи стандардните третмани не функционираа. Фактот дека некои од нив сега се излечени е многу важен знак“, вели професорот Барт Нејнс.

Клиничкото испитување се фокусираше на пациенти со меланом со метастази на кожата и лимфните јазли.

Слични содржини