Белгиецот кој усмрти шест лица обвинет за убиство од небрежност а не за тероризам

од Milan1

Човекот кој со својот автомобил удри и усмрти шест лица, посетители на карневал во белсгискиот град Стрепи-Бракенис, е обвинет за убиство од небрежност, соопшти денеска белгиската агенција Белга.

Инцидентот се случи во неделата, кога 34-годишен возач влетал во толпа луѓе во овој јужен белгиски град, при што тешко беа повредени уште десет лица.

Возачот беше приведен, а обвинет е и неговиот совозач. Набргу по несреќата, истражителите ја отфрлија тезата дека мотивот е тероризам и веруваат дека причина за трагедијата е неговото опасно возење, без намера да убие некого.

Обвинителството соопшти дека обвинетиот признал дека возел пребрзо и сопирал пред инцидентот.

Белгиската телевизија ВРТ јавува дека возел 90 километри на час во област каде ограничувањето било 50.

Возачот изјавил дека по инцидентот продолжил да вози неколку стотини метри бидејќи бил во шок, а имал и малку повисоко ниво на алкохол во крвта од дозволеното.

Слични содржини