Белгија ќе потроши 400 милиони евра во 2016 година за борба против тероризмот, изјави денеска премиерот Шарл Мишел. Тоа е речиси двојно зголемување во споредба со минатата година.
Мишел претстави 18 мерки кои владата ќе ги преземе како контрамерки на тероризмот. Повеќе средства ќе бидат наменети за борба против говорот на омразата, за потрага на терористи и зајакнување на активностите на тајните служби. Серијата од мерки за безбедност по атентатите во Париз вклучуваат затвор за повратниците што војувале во Сирија, како и затворање на нелегални објекти за религиски цели.
Предвидено е повеќе да нема анонимни при-пејд картички за мобилни телефони. Ќе биде воведен регистар за патниците во авиони и возови.
Се предвидува зајакнување на граничната контрола, испраќање на 520 војници на границите. Мишел ќе инсистира и за промена во уставот на земјата, што ќе овозможи продолжување на притворот на обвинетите за тероризам, од 24 на 72 часа, како и можноста за извршување на претреси по секое време од денот.
Белгија е во центарот на истрагата по нападите од 13-ти ноември во француската престолнина, откако стана јасно дека барем двајца од терористите живееле во соседството на Брисел.
“Можеби сме на прагот да отвориме нова страница во историјата на Европа”, изјави во својот говор пред пратениците Мишел. Тој ги отфрли критиките против белгиските служби за безбедност по нападите во Париз. Мишел додаде дека вчерашната операција во парискиот кварт Сен Дени, за која стана јасно дека ја деактивираше терористичката ќелија е извршена и благодарение на информации од белгиското разузнавање.
По критиките што ги доби од Франција во врска со нападите во Париз, Брисел одлучи да ги брани своите служби.
По овие настани Белгија додели уште 200 милиони евра за секторот безбедност.Бе