Белгискиот принц позитивен на коронавирус: Се заразил на забава во Шпанија

од Nikola Popovski

Белгискиот принц Јоаким е позитивен на коронавирусот, откако присуствувал на забава во Шпанија.

Најмладиот син на принцезата Астрид, 28-годишниот принц, наводно се заразил со инфекцијата на забава во Кордоба, но причините зошто отишол таму не се разјаснети.

Првите информации дека тој е првиот заразен член на белгиското кралско семејство ги објавил шпанскиот сајт „Ел Кофиденсијал“, прикажувајќи официјален документ на властите на Андалузија.

Белгиските медиуми ја потврдиле информацијата дека принцот Јоаким е во Шпаниј и дека е заразен, но имал благи симптоми на болеста, пренесува „Би-Би-Си“.

Исто така, потврдено е дека принцот отпатувал за Шпанија, и дека причините биле од „професионална природа“ заради стажирањето. Сепак, на јавноста и е познато дека тој е во долготрајна врска со жителка на Шпанија.

Иако шпанските и белгиските медиуми не се согласуваат за бројот на луѓе кои биле на забавата. Шпанците тврдат дека имало 27 гости, со што принцот ги нарушил карантинските регулативи, а Белгијците велат дека имало околу десетина и дека принцот не ги прекршил пропишаните мерки. Во секој случај, сите што биле на таа забава сега се наоѓаат во карантин, пренесува „Би-Си-Си“.

Слични содржини