Белград: Уапсени тројца македонски државјани кои се сомничат за тешки кражби

од Vladimir Zorba

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград расветлија повеќе кривични дела „тешки кражби“ и приведоа тројца државјани на Северна Македонија, од кои едниот има и српско државјанство.

Полицијата ги уапси Б.С. (24), Б.Н.(31) и А.К. (23), кои се сомничат дека во текот на ноември и декември годинава провалиле во станови и куќи на територијата на Белград од каде со специјален алат за отворање блиндирани врати украле пари, накит, часовници и други вредни предмети.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во Третото основно јавно обвинителство во Белград.

Слични содржини