Белград завеан, градоначалникот очекувал помалку снег

од desk2

Снегот што почна да паѓа во текот на ноќта во Белград, главниот град на Србија, ќе паѓа и во наредните два дена, поради што се очекуваат потешкотии во сообраќајот.

Градските служби се во четврт степен на подготвеност, што значи градот ќе го чистат 1.600 луѓе и 300 машини.

Сепак, поради факотот дека снегот и понатаму обилно паѓа, изгледа чистењето улици и возила е како Сизифова работа.

Градоначалникот на Белград Зоран Радојичиќ пак, за телевизија ТВ прва рече дека прогнозата на метеоролозите била поинаква, односно дека очекувал помалку снег.

„По сегашната прогноза снег ќе паѓа и денеска и утре како и во сабота и во недела. Градските служби константно се во четврт степен на подготвенсот. Сите служби работат и прекувремено и даваат се од себе да ги ублажат проблемите“, вели тој.

Тој вели дека сите светски градови во вакви услови функционираат успорено и апелираше до граѓаните да користат други начини на транспорт за да се намали метежот во сообраќајот.

Според него, од устрово имало малку проблеми, а екипи биле веднаш испратени да ги решат и додава дека има проблеми и дека ќе ги има, но важно е што службите брзо реагираат.

Слични содржини