Белградската Арена од денес е ковид-болница

од Nikola Popovski

Од денес, белградската Арена е привремена болница, која ќе може да прими 510 пациенти кои се лекуваат од Ковид-19.

Медицинскиот координатор на привремената болница, потполковник Предраг Богдановиќ соопштил дека има 360 кревети на партерот и 150 кревети на третиот кат, каде што се ВИП ложите.

Арената има и централна дистрибуција на кислород, така што може да се поврзат респиратори.

Во привремената болница има 10 лекари и 20 медицински сестри кои ги чекаат првите пациенти. Пациентите ќе бидат згрижени од медицински персонал од 15 здравствени установи.

„Арената е планирана за пациенти со средна и умерена клиничка слика на кои им е потребна терапија со кислород“, изјавил Богдановиќ.

Собите во галеријата се претежно двокреветни, со бањи и имаат кујна и ТВ.

Партерот има 40 простории со девет кревети и заедничка бања.

Во Арената можат да се направат и лабораториски анализи, снимање на белите дробови и срцето.

Слични содржини