Белградски медиуми: Вучиќ ќе има говор во Парламентот од два или три часа

од desk4

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе говори најмалку два или три часа на специјалната седница на парламентот за Косовo закажана за денеска, објавија белградски медиуми.

Во воведниот говор во српскиот Парламент, претседателот Вучиќ ќе ги претстави историските факти за односите меѓу Србите и Албанците, но исто така ќе презентира детална анализа на актуелните односи на двете нации.

Според медиумите, говорот ќе трае најмалку два часа и српскиот претседател ќе зборува и за конкретни решенија.

Претседателот Вучиќ ќе говори и за националното прашање, но исто така и за економијата и за демографската ситуација во Србија.

Слични содржини