Белинген под истрага по дербито со Баерн поради клевета кон судијата

од Vladimir Zorba

„Дер Класикер“ помеѓу Борусија и Баерн во Дортмунд привлече големо внимание во јавноста не само поради интересниот натпревар, туку и поради реакциите по натпреварот.

Баварците по пресвртот славеа со 3:2, а „милионерите“ беа бесни на судијата Феликс Цвајер, кој досуди, според нив, контроверзен пенал за Баерн, додека не успеа да покаже на белата точка по прекршок против Ројс.

Цвајер во 2005 година беше суспендиран на шест месеци поради примање мито, на што алудираше фудбалерот на Дортмунд, Џуд Белингем.

„Хумелс не ја ни виде топката кога го удри во раката. Погледнете ги другите одлуки на судијата Цвајер. На судијата кој местеше натпревари му го дадовте да го суди најголемиот натпревар во Германија, што очекувавте?, изјави талентираниот фудбалер.

Англичанецот сега го чека полициска истрага за клевета, а одлуката е на јавниот обвинител во Дортмунд за кого е наменет случајот.

Слични содржини