„Белите мантили“ излегоа на улиците против Лукашенко

од Vladimir Zorba

Протестите во Белорусија не стивнуваат веќе четврти ден откако Александар Лукашенко прогласи победа. Демонстрациите по бруталното дејствување на полицијата продолжуваат, а сè поголем број луѓе се собираат на улиците. Различни професии започнаа да ги поддржуваат граѓаните кои протестираат.

Најимпресивната сцена беше кога некои полицајци им подадоа рака на демонстрантите, а во таа прилика одбиваа да ги нападнат со палки и солзавец.

Овој пат лекарите им се придружија на граѓаните на протестот.

„Белите мантили“ излегоа на улиците за да покажат солидарност кон граѓаните кои веќе неколку дена се пукани или тепани на улица од страна на полицијата.

Некои корисници на Твитер објавија снимки од доктори од улиците на Минск, поставувајќи го прашањето дали армијата ќе пука и врз нив ?!

Слични содржини