Беливук има контрола врз 5 фудбалери од српската прва лига

од Vladimir Zorba

Вељко Беливук или Веља Невоља, кој веќе шест месеци е во затвор за монструозни злосторства за кои му се заканува доживотен затвор, контролира најмалку пет фудбалери во Суперлигата на Србија, пренесуваат локалните медиуми.

За време на истрагата било утврдено дека Беливук вложил значителен дел од парите заработени со криминал во фудбал, односно во фудбалери на кои е неофицијален менаџер.

Според Информер, тој цело време од апсењето ги контролирал своите „фудбалски инвестиции“ преку своите луѓе.

Беливук, како што се наведува, во неколку наврати ги испраќал своите адвокати и други соработници во три фудбалски клуба, каде се распрашувале за „инвестициите на Веља“.

Според него, Беливук го води својот „фудбалски бизнис“ преку адвокат – менаџер кој легално го покрива неговиот бизнис.

– Фудбалерите за кои зборуваме имаат потпишано договори за медијација со Беливук, односно неговите луѓе. Во суштина, тој вложил пари во нив, и сега има право на 30-50 проценти од сите нивни идни трансфери. Иако Беливук е уапсен, никому не му паѓа на памет да не ги почитува договорите склучени со него – додава изворот.

Слични содржини