Белорусија има докази за влијанието на странски фактор во немирите во земјата

од Nikola Popovski

Минск е подготвен за конструктивен дијалог со странските партнери и може да понуди убедлив доказ за странско мешање во настаните во Белорусија, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.

„Предлагаме да гледаме објективно и без емоции на она што се случува, како и зошто тоа се случува денес во Белорусија. Ние сме подготвени за конструктивен, и што е најважно, објективен дијалог на оваа тема со сите странски партнери. Сме подготвени да презентираме конкретни, непобитни докази што ја откриваат позадината на овие настани, вклучително и надворешно мешање“, се вели во соопштението.

Министерството ги нарече изјавите на некои европски претставници по завршувањето на претседателските избори во таа земја како недопустливи.

„Благодариме за изјавите за поддршка за суверенитетот и независноста на Белорусија. Во исто време, апсолутно е недопустливо голем број на европски службеници да излезат со важна реакција за нашата земја, без да се обидат објективно да ја разгледаат и реалистично да ја проценат ситуацијата “, се вели во соопштението.

Тие веруваат дека некои заклучоци биле донесени врз основа на „еднострани информации и отворени лаги“.

Претходно, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека со демонстрантите, ноќта помеѓу недела и понеделник, било управувано преку телефонски разговори од Велика Британија, Полска и Чешка.

Слични содржини