Белорусија ја напуштиле 118 мигранти

од Milan1

Министерството за внатрешни работи на Белорусија денеска соопшти дека 118 мигранти ја напуштиле таа земја вчера, а дека уште повеќе од нив ќе заминат денеска.

Европската унија ја обвинува Белорусија дека донела илјадници луѓе од Блискиот Исток и дека ги насочувала да се преселат во земјите-членки на ЕУ и НАТО преку Полска, Литванија и Латвија, како одговор на европските санкции. Сепак, Минск негира дека кризата била намерно предизвикана.

Слични содржини