Белорусија ќе игра на домашен терен во Србија

од Nikola Popovski

Официјално е потврдено од УЕФА дека најдобрите фудбалери на Белорусија ќе ги играат натпреварите од Лигата на нации во фудбал како домаќин во Нови Сад.

Веќе е познато дека не можат да играат во својата земја, па мораа да најдат алтернатива. Фудбалскиот сојуз на Србија им излезе во пресрет и овозможи Нови Сад да им биде привремен дом.

Сите натпревари ќе се играат на стадионот „Караѓорѓе“, но на нив нема да биде можно присуство на навивачи, што е наредба од страна на УЕФА.

Првиот натпревар е закажан за 3 јуни, кога Словачка доаѓа во Нови Сад, а три дена подоцна следува мечот со Азербејџан, додека последниот натпревар ќе го игра на 10 јуни против Казахстан.

Слични содржини